Skip to main content
Македонија

МАСИТ конференција 2026 за новата ера на вештачката интелигенција

18/11/2026  08:25

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ организира годишна конференција посветена на вештачката интелегенција (MASIT Conference 2026 – AGENTIC AI).

Како што соопштуваат организаторите, овогодинешната конференција е посветена на една од најзначајните технолошки промени на денешницата – развојот на агентската вештачка интелигенција, која овозможува интелигентните системи самостојно да планираат и извршуваат сложени задачи и да учествуваат во деловните процеси.

Предвидено е пред официјалниот почеток на конференцијата изјави за медиуми да дадат Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и Јордан Димитровски, претседател на МАСИТ.