Skip to main content
Балкан

Марта Кос: Нова динамика во процесот на проширување на ЕУ

17/12/2024  10:40

Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос денеска изјави дека има нова динамика во процесот на проширување и дека се постигнува напредок.

Кос на новинарите по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ изјави дека ова е прв состанок откако таа ја презеде функцијата, на кој ќе се сретне со министрите кои одлучуваат за важни заклучоци за проширувањето.

„Постои нова динамика во процесот на проширување и напредуваме. Вчера затворивме три поглавја од преговорите со Црна Гора, а денеска отвораме кластер со Албанија.

Честитки“, наведе Кос во oбјавата на мрежата Х.

Таа изјави дека од една страна ќе им помогне на земјите-кандидати да ги спроведат своите реформи и да продолжат во пристапниот процес, а од друга страна ќе соработува со земјите-членки целиот процес да биде што е можно поефикасен.