Skip to main content
Македонија

Марија од Кочани ги расплака сите: Ја закопавме мамa, сега тебе, која судбина ја имам

23/03/2025  21:58

Марија Тасева од Кочани се спаси таа ноќ во дискотеката „Пулс“ која проголта 59 животи. Но, за жал нејзината сестра Лепа не успеа да се спаси.

Марија со емотивна објава полна со болни зборови и тага се простува од нејзината постара сестра.

-Не требаше вака да биде сестричке, сега почнаа твоите најубави години. Се вратив по тебе во диското за да те најдам, ама не ми дозволија да влезам, не можев да те спасам. Да ми дозволеа може ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама битно заедно ќе бевме. Извини што не можев да влезам, извини многу. Ми кажа дека никогаш нема да ме оставиш, дека ќе ме чуваш, ќе бидеш до мене. Ама на неочекуван начин не’ напушти, да знаев дека последен пат ќе те видам во диското, ќе те гушнев и ќе горевме заедно. Оваа болка не се издржува. Ја закопавме мама, а сега тебе те закопувам, која судбина ја имам на овие 19 години? Секогаш ќе бидеш во моето срце сестричке, непребол…држете се со мама горе, НАЈМНОГУ ВЕ САКАМ, пишува младата Марија на социјалните мрежи простувајќи се од својата сестра Лепа.

Семејството пред две години доживеало уште една трагедија, кога починала мајката на двете сестри.