Skip to main content
Хроника

Малолетен возач на тротинет повреден во сообраќајка во Тетово

18/07/2026  14:52

На 17.07.2026 во 08:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата од ул. „Илинденска” со ул. „Благоја Тоска” во Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило  „опел зафира” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н. (60) од Тетово, и електричен мопед, управуван од 15- годишник од Тетово.

По незгодата, возачот на мопедот е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.