Skip to main content
Свет

Макрон: Париз и Берлин треба да истраат на проектот за заеднички европски борбен авион

01/10/2025  18:41

Париз и Берлин мора да истраат на проектот „Идни европски борбени авиони“ (FCA) и покрај несогласувањата меѓу производителите, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Компаниите за производство на оружје, од двете страни, го преземаат водството. Затоа е на нас да останеме на курсот на она што го сметаме за во заеднички француско-германски интерес и да продолжиме да работиме на заеднички решенија, рече тој во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (FAZ).

Проектот Иден борбен воздушен систем (FCAS), кој во 2017 година го покренаа Ангела Меркел и Емануел Макрон како водечки пример на одбранбена соработка меѓу двете земји, пред да им се приклучи и Шпанија, има за цел да ги замени францускиот „Рафал“ и германскиот и шпанскиот „Јурофајтер“ до 2040 година.

Минатата недела неименуван француски функционер изјави дека Франција има капацитет самата да направи ловец од шестата генерација, доколку не се постигне договор со Германија и Шпанија, што укажува на можен неуспех на најголемиот проект на одбранбена соработка во Европа.