Skip to main content
Свет

Макрон го критикуваше трговскиот договор меѓу ЕУ и САД

30/07/2025  17:39

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД.

– За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно, изјавил тој пред министри, пренесуваат француски дипломати.

Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат.

– Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда за суверенитет и конкурентност, изјави Макрон.