Skip to main content
Спорт

Македонските ракометарки обезбедија медал на Светското  училишно првенство

27/04/2026  16:47

Македонската женска репрезентација се пласираше во финалето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје.

Македонките денес во полуфиналето ја победија Турција со 30:22 (12:12 полувреме) и обезбедија најмалку сребрен медал.

Во финалето македонските репрезентативките ќе се соочат со врсничките од Хрватска. 

Хрватките во денешното прво полуфинале ја победија Романија со 25:20.