
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2-1 (1-1) во контролен натпревар што вечерва се одигра на неутрален терен во Прага.
Саудијците славеа со пресврт откако Македонија дојде до предност со спектакуларниот гол на Алесандар Трајковски. Напаѓачот на Македонија погоди со ножички во 40.минута.
Предноста ја анулира Ал Брикан во финишот на првото полувреме.
Нерешениот резултат на семафорот стоеше до 78.минута, кога Ал Хамдан ја искористи конфузијата во нашата одбрана и со прецизен удар од 22 метри го совлада Димитиревски.
Следниот натпревар Македонија ќе го одигра в недела, кога во квалификациите за Светското првенство ќе го пречека Лихтанштајн.