Skip to main content
Ракомет

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

18/01/2025  13:10

Холандија, вчера во Вараждин ја победи Македонија (37:32) во второто коло на Светското ракометно првенство во Вараждин.

Натпреварот го обележа лошото судење на Данците Хансен и Надсен. Досудија 12 седмерци за „лалињата“, на македонските ракометари им доделија два црвени картони (Павле Атанасијевиќ, Лазаревски), вкупно Македонија 20 минути играше со ракометар помалку.

Одлуките на судиите предизвикаа револт кај македонските навивачи на трибините. На крајот од натпреварот фрлаа разни предмети во теренот поради што преплашените Холанѓани избегаа во соблекувалната.

Холандски „НОС“ пишува дека македонски навивач го плукнал холандскиот селектор Штафан Олсон, а тоа наводно го потврдил и портпаролот на холандската репрезентација.

Легендарниот Швеѓанец Олсон бесно се свреч кон макеоднските навивачи, потоа кратко им аплаудираше на своите играчи и навивачи пред конечно да замине во соблекувалната.

„Драматичен и „тесен“ натпревар. Холанѓаните секогаш беа чекор понапред од Македонците. Заврши во хаос, последните минути завршија со фрлање предмети на теренот. Македонските навивачи ги избркаа Холанѓаните од теренот. “, објави новинарот на „ТВ2“, Сорен Ридц.

„Човеку, почнаа да фрлаат со секакви предмети. Вакво нешто не сум доживеал. Очигледно е така на Балканот. Во еден момент кога требаше да ја фрлам топката, тие го полеаја голот со вода. Апсолутно лудо, ова нема никаква врска со ракометот“, изјави по натпреварот холандскиот голман Матијас Рекс.

Извор: Топ Спорт