Skip to main content
Спорт

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

17/10/2025  18:43

Македонската фудбалска репрезентација падна за две позиции и на денеска објавената ранг-листа на ФИФА се наоѓа на 65 место.

Македонските фудбалери по двата нерешени натпревари во октомврискиот циклус во мундијалските квалификации, против Белгија (0-0) и Казахстан (1-1) се наоѓаат на 65 место со 1390.06 поени, што е за 2.1 поени повеќе во однос на претходното рангирање во септември.

Шпанија го задржа и дополнително го зацврсти првото место на ФИФА ранг-листата, додека актуелниот светски шампион Аргентина се искачи на второто место, а Франција падна на третата позиција.

1.Шпанија 1.880,76
2.Аргентина 1.872,43
3.Франција 1.862,71
4.Англија 1.824,3
5.Португалија 1.778
6.Холандија 1.759,96
7.Бразил 1.758,85
8.Белгија 1.740,01
9.Италија 1.717,15
10.Германија 1.713,3
Следното рангирање ќе биде објавено на 21 ноември.