Skip to main content
Македонија

Македонија во пламен – активни се 10 пожари

23/08/2026  13:25

Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор.

Од нив, 10 пожари се активни, два се под контрола, додека еден пожар е изгаснат

Уште гори кај Палиград и Цветово во општините Зелениково и Студеничани. Активни пожари има и во општините Делчево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Кичево и Желино.

Двата пожари под конторла се општините Маврово и Ростуше и Врапчиште, додека изгаснат е пожарот во општина Теарце.