Skip to main content
Фудбал

Македонија во црни маички на загревањето во Вадуц (ФОТО)

22/03/2025  15:12

Македонската фудбалска репрезентација истрча на теренот во Вадуц со црни тренинг-маички, со кои искажa почит и длабоко сочувство за загинатите и настраданите во страшната трагедија што се случи во Кочани.

Нашите „рисови“ важат за големи фаворити на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн, а играчите ќе се обидат да извојуваат важна победа која ќе биде посветена на цела Македонија.

На маичките е испишан црниот датум за нашата историја, 16.03.2025, денот кога 59 наши сограѓани трагиично го загубија животот. Натпреварот започна во 15:00 часот.