Skip to main content
Македонија

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот

26/08/2026  17:26

Во Владата утре официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на проектот за изградба на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија, со што се отвора нова фаза во енергетското поврзување на двете земји.

На официјалниот настан ќе присуствува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Настанот е закажан за 12:30 часот во Свечената сала на Владата, каде што е предвидено и свечено потпишување на Договорот за реализација на гасоводната интерконекција.

Проектот треба да придонесе за дополнително поврзување на гасните системи на Македонија и Србија и за зајакнување на регионалната енергетска инфраструктура.