Skip to main content
Македонија

Мајката на Васил конечно по десетина дена изрази сочувство до семејството на Фросина

07/02/2025  14:59

Мајката на Васил Јованов денеска на прес-конференција за медиумите конечно по десетина дена изрази сочувство до семејството на Фросина Кулакова која беше усмртена од нејзиниот син на „Партизанска“ на пешачки премин.

-Сакам да изразам најдлабоко, најискрено, најдлабоко мајчинско сочувство особено до мајката на Фросина. Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка. Загубата е ненадоместлива и непрежалива. Како што кажа сопругот, таа вечер се зацрнија два дома. Бремето од оваа ситуација ќе остане да тежи до крајот на нашите животи, на целото наше семејство. Мислам дека само тој што има дете би требало за миг да може да се стави и во нашата кожа и да претпостави колку е страшно, колку е болно и каков товар е ова. Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да има сила да ја издржи оваа загуба и смирение да ја прифати. Како мајка стојам на располагање на другата мајка ако со било што можам на било каков начин да се најдам во овој претежок период. Немам доволно зборови да ја искажам болката и жалењето за се што се случува, рече Ана Јованова, мајка на осомничениот Васил.

Таткото на Васил Јованов, Зоран Јованов кој е офицер во АРМ рече дека синот го украл возилото што било на негово име.

-Колата е купена во 2016 година поради потреба зашто сопругата работеше подалеку и ѝ требаше за да патува на работа. Правно беше на мое име, де факто сопругата ја користеше. Васил до 18 години не дозволив ни со мене ни со чичко му да вежба да вози верувајќи дека најдобро се учи со часови од почеток. А и не бараше. Кога завршил со часовите со инструкторката, кога помина низ тој процес претпоставувам дека помислил дека знае да вози. И го има украдено автомобилот, рече Зоран Јованов.