Skip to main content
Македонија

Магла на премините Стража-Маврово и Крушево

25/12/2025  18:22

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Намалена e видливостa поради магла до 100 м. на планинските премини Стража-Маврово и Крушево, информираат од ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.