Skip to main content
Свет

МААЕ: Оштетени клучни згради во нуклеарниот погон на Иран

20/06/2025  11:17

Клучни згради во нуклеарниот погон на Иран се оштетени во израелски напад, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во раните утрински часови вчера, израелски напад ги таргетираше фабриката за тешка вода и реакторот во Хондаб.

Реакторот беше погоден и оштетен, но МААЕ вчера објави дека не бил во функција во тој момент и дека не содржел „никаков нуклеарен материјал“.

Агенцијата додаде дека нема информации за можен удар врз соседната фабрика.

Во денешното ажурирање, МААЕ соопшти дека „клучните згради“ во производствениот погон сепак се оштетени.

Меѓу нив, според извештаите, е и единица за дестилација.

Израел ги започна нападите минатиот петок. Оневозможувањето на нуклеарната инфраструктура на Иран е главната цел на израелските напади, кои продолжија во последните денови на повеќе локации.