Skip to main content
Култура

„Љупка и Љубица“ – детска театарска престава

02/02/2025  09:11

Денес, со почеток во 11:00 часот, во „Public Room“ во Скопје, најмладата публика ќе има можност да ја погледнене детската театарска претстава „Љупка и Љубица“.

Претставата вклучува интерактивни моменти каде децата ќе можат да учествуваат во приказната преку одговарање на прашања и да изразат свои емоции преку ликовна работилница на крај.

Важно е за децата да ги разбираат емоциите бидејќи тоа им помага да ги разберат сопствените чувства, да развијат емпатија и да развиваат здрави односи.

Истото тоа влијае и кон подобрување на нивното ментално здравје.

Образовна цел: Да ги научиме децата на различни видови емоции како радост, тага, страв, лутина…

Емпатична цел: Да им помогнеме на децата да разберат како нивните емоции влијаат на нив и на другите околу нив.

Креативна цел: да ги поттикнеме децата да ги изразуваат своите емоции преку уметноста и креативната игра.

Актери: Анастасија Ласовска и Ангела Лефкова
Текст и режија: Изабела Јакимова

Билет: 300 денари. Родителите не плаќаат.