Search

Луѓе масовно бришат Facebook профили, Закерберг молчи

Лични податоци на 50 милиони луѓе се собрани и злоупотребени без одобрение од Facebook, ова се случувало во Вашингтон, Лондон, на Волстрит и ширум светот. Американски функционери повикуваат на истрага, почнува и кампањата #DeleteFacebook, а Марк Закерберг се уште молчи.

 

Како што пренесува „The Guardian“, Facebook објави дека независен тим на дигитални вештаци ќе спроведе истрага и ќе се обиде да заклучи дали компанијата Cambridge Analytica и понатаму располага со контроверзни податоци, кои ги добила од компанијата Global science research.

„Ако податоците и понатаму постојат, тоа би било тешко кршење на правилата на користење на Facebook и неприфратливо кршење на довербата и обврските кои овие групации ги преземале“, пишува во официјалното соопштение на Facebook.

Ангажирањето на вештак и таа реченица во соопштението, тешко дека ќе бидат доволни да се смири ситуацијата, па функционери на САД и Велика Британија го повикуваат првиот човек на оваа компанија Марк Заекерберк да сведочи.

„Време е да прекине да се крие зад својот Facebook профил“, вели британскиот пратеник Демјан Колинс, претстадел на комитетот за култура, медиуми и спорт.

Тој е еден од низата на функционери, кој ги повика државните органи да отворат истрага, но да се сослушаат и главните луѓе од другите технолошки гиганти, како што се Twitter и Google.

Истовремено, своја борба водат и „обичните“ луѓе преку кампањата #DeleteFacebook, чија главна порака е дека Facebook во најдобар случај е нешто поради што бадијала го губите времето, а во најлош случај нешто што навистина ви нанесува штета и ви ја нарушува приватноста (како што е случај во овој скандал).

Светските медиуми објавуваат и упатства како да го избришете профилот на Facebook, а постојат повици корисниците да се откажат и од другите сервиси кои функционираат под капа на Facebook, а станува збор за светски популарните апликации Instagram и WhatsApp.

На Facebook постои и опција за деактивирање на профилот, со која вашите податоци се „сокриваат“, додека следниот пат не се логирате.

Меѓутоа, одамна веќе постојат приказни за тоа дека никогаш не можете комплетно да отстраните се што сте му „поклониле“ на Facebook, бидејќи постои таканаречен „профил во сенка“, во кој се складираат сите ваши навики, односи со други луѓе и слично.

Треба да знаете
Последни објави