Skip to main content
Магазин

Лотарија за гробно место до познати личности во Париз

08/11/2025  08:17

Градот Париз оваа недела отпочна уникатна лотарија којашто на „среќните“ добитници ќе им понуди вечно почивалиште во напуштени историски гробови – до некоја позната личност, во замена за реставрација на споменикот на таа позната личност.

– Како знак на интерес, првите 24 часа имавме 1.000 кликања на формуларите за аплицирање. Доколку не се исполнат условите за реставрација и купување, продажбата на споменикот се откажува, а купувачот ја губи својата инвестиција, изјави Пол Симондон, заменик на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, задолжен за погребни прашања.

Кандидатите притоа, мора „да имаат сертификати од специјализирани компании за сечење камен за да покажат дека се свесни за трошоците за реновирањето“, за да нема изненадувања, се вели во изјавата.

Механизмот за реставрација им овозможува на семејствата да предвидат купување на место за погребување во рамките на градот за првпат, според Симондон. Оваа лотарија – прва од ваков вид, е тест, а Градскиот совет размислува за проширување на програмата – со што до израз ќе дојдат и „еколошките придобивки“ од овој потфат.