
48- годишно лице е лишено од слобода вчеравечер во Лескоец, Охрид поради управување со возило под дејство на алкохол.
При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
