
Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:
Режимската пракса на политички прогон се устоличува и со власта на Мицкоски, каде пратеници од ДПМНЕ влечат по судови членови на Левица, во обид да се замолчи единствената опозиција.
Имено, пратеникот од власта од ДПМНЕ – Александар Јамалов, го тужи опозицискиот советник од Левица, Игор Смилев, поради објава за непотизам. Тој во прекршочна постапка го тужи советникот од Левица за предизвикана навреда, клевета и нанесување на душевна болка, поради дадена изјава во којашто Смилев изјавил дека сопругата на Јамалов била вработена во СВР – Велес.
Дополнително, Јамалов воопшто не се појави на рочиштето против советникот од Левица. Скандалозно е што без никакво објаснување, судењето беше затворено за јавноста, по ,,налог” на судијката Лорета Тодорова, која забрани влез за новинари!
Сепак, советникот Смилев од Левица повторно потенцира дека ваквите режимски обиди нема да го замолчат, затоа што непотизмот е канцер на македонското општество.
Ова не е изолиран случај на политички прогон и насилие од страна на владејачките структури на ДПМНЕ и затоа Левица им порачува дека вака само не’ охрабруваат да бидеме погласни против нивното партизирано и непотистичко владеење и дека борбата допрва почнува.