
Соопштение за јавност на Левица:
На олигархијата веќе не ѝ се доволни најмизерните плати во Европа, евтината работна сила и државата која со години ги субвенционира профитите на крупниот капитал – сега ѝ пречат и неработните денови!
Предлогот на Стопанската комора е уште еден обид работничкото право да се претстави како трошок, а животот на човекот да се пресметува исклучиво низ часови производство и профит!
Ваквите желби на капиталот се особено опасни затоа што паѓаат на плодна почва кај ДПМНЕ – партија финансирана од олигархијата која зад секоја приказна за „подобра бизнис-клима” гледа можност да му удоволи на крупниот капитал.
Ако на олигархијата сега ѝ пречат празниците, утре ќе ѝ пречи викендот, задутре осумчасовното работно време.
Левица ова нема да го дозволи!



