
Соопштение на Левица:
Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Меџити, Стоилковиќ и Исени кои денеска се на дневен ред на Собранието, а се поднесени од страна на Европскиот фронт.
– Сметаме дека интрпелацијата на Тошковски е етнички мотивирана, не се наброени пропустите во работата на Тошковски кои ги има многу, а сметаме дека останатите интерпелации се за да се покрие етничкиот мотив во првата интерпелација – истакна пратеникот од Левица, Борислав Крмов кој додаде дека Левица нема да ги поддржи овие интерпелации.