Skip to main content
Македонија

Левица: Ја срушија куќата на Малески, а една година “не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија!

15/10/2025  15:35

Соопштение на Левица:

Се руши куќата на Малески, додека ОЈО Струга една година не постапува по моите пријави за дивоградбата во самиот центар на струшката чаршија (и веќе се гради трет спрат). Струга е узурпирана од градежни мафијаши, алчни политиканти и заробени институции кои секој ден го убиваат културниот и антифашистичкиот дух на Струга.

За ваквото сквернавење на споменот на авторот на македонската химна, низа инстититуции ќе мора да дадат одговор кој и како дозволил рушење на овој објект – со имиња и презимиња за одговорност!