
Соопштение за јавност на Левица:
Политичката партија Левица вера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво.
Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини сите прогресивни сили во општеството кои сакаат Македонија да биде вистински дом за сите нејзини жители, а не да биде „бизнис рај” за привилегирана шака моќници кои кокетираат со секоја власт.
Левица останува доследна на своите политички принципи, со автентичен пристап и радикални ставови, бескомпромисно и без премолчување на неправдата, посветена на сериозна идеолошка борба за создавање подобро општество.


