Skip to main content
Македонија

​​​​​​​Левица: Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се охрабрат да поддржат надзорна расправа за Кочани?

17/06/2025  09:29

Соопштение на Левица:

Станува збор за трет обид на пратеничката група на Левица да отвори транспарентен парламентарен процес на утврдување одговорност. Дали расправата ќе се одржи или не – ќе зависи пред сѐ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои на седницата на 4 јуни, заедно со пратениците од ВРЕДИ и ЗНАМ, гласаа против ставањето на оваа точка на дневен ред.

Претходно, на почетокот на април, пратеникот на Левица Борислав Крмов како избран пратеник од Изборна единица 3 поднесе иницијатива за надзорна расправа, но истата не доби поддршка од ниту еден друг пратеник надвор од редовите на Левица, односно доби само шест потписи, а беа потребни најмалку 15 потписи за да влезе во процедура.

Од Левица повторно апелираат до владејачкото мнозинство да не го блокираат овој процес, кој е прашање од суштински јавен интерес. „Обврската за отчетност не е политичка опција, туку демократска должност. Граѓаните, особено кочанчани, заслужуваат одговори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес имаат шанса да докажат дека немаат што и кого да кријат.