
Денешниот ден (понеделник 5 мај) во нашата Македонија помина во знакот на претежно стабилно и суво време, со мали исклучоци, односно, локално беа забележани и сосема слаби врнежи од дожд за време на повремената зголемена облачност која од запад поминуваше над нашата територија.
Температурите и денес беа рано – летни, па така најтопло денес беше во Скопје Петровец каде се измерени 30 степени.
На табелата можете да ги видите измерените максимални дневни температури за денешниот ден по градови и места во Македонија, како и наврнатиот воден талог во изминатите 9 часа, и тоа на мерните станици на УХМР.