Skip to main content
Култура

Лешочкиот фестивал за камерна музика ја пречекува магијата на трио „Анимато“

18/09/2025  12:43

На 18 септември 2025 година, со почеток во 19ч., во идиличната атмосфера на Лешочкиот манастир, каде се одржува Лешочкиот фестивал за камерна музика, ќе настапи познатото трио ,,Анимато”.Трио ,,Анимато” е камерен состав, чија уникатност во изведбата и составот го вбројува во групата специфични и ретки состави, го сочинуваат: м-р Даниела Неделковска -флејта, м-р Симона Марочковска Манојловска – флејта и м-р Светлана Димитриевска – пијано, сите три професорки во ДМБУЦ ,,Илија Николовски – Луј”.
,,Лешочкиот фестивал за камерна музика” е во организација на познатото дуо м-р Љубиша Кировски – виола и м-р Маја Шутевска Кировска – пијано, кои освен личен уметнички печат како камерно дуо, придонесуваат за развојот и значењето на камерното музицирање, даваат поттик на новите камерни состави во вонвременската и божествена атмосфера на манастирот ,,Лешок”.