Skip to main content
Македонија

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија, преку случајот со државјанството на рускиот државјанин Онишченко

02/03/2026  13:29

Прес конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење на пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДС, Заев, Ковачевски, Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство, под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање на коњи.

Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДС не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено. Руското влијание и политика во Македонија единствено имаат влез преку СДС, Заев и Филипче.

Но, остана неодговорено прашањето за тогашните гласини дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист кој ќе јава на коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДС за негово вдомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај?