
Лажна тревога за пожар ги исплашила предмалку посетителите во Дајмонд мол во Скопје, откако на разгласот им било посочено со внимание веднаш да го напуштат објектот низ најблиските отворени врати.
Според она што ни го пренесоа читателите на 24Инфо веднаш биле исклучени лифтовите и ескалаторите, а не работеле ниту ротирачките врати во молот при што настанака паника.
Сепак на крајот им било кажано дека се работи за лажна тревога.