Skip to main content
Спорт

Лазаров го одреди составот за дуелот со Романците

20/01/2026  17:29

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Хернинг против Романија го игра натпреварот од завршното, трето, коло во рамки на групата Б на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по стартниот пораз од Данска, одиграа нерешено против Португалија, со што ги задржаа шансите за пласман во главната фаза, а за тоа ќе им биде неопходна победа против Романија, по што одлуката ќе зависи и од вечерашниот дуел меѓу Данска и Португалија.

Лазаров го одреди составот за пресметката со Романија во кој ново име е левото крило Гоце Ојлески, кој вчера му се приклучи на националниот тим.

Во составот се и Иван Џонов, кој поради повреда, предвреме го заврши натпреварот со Португалија, како и Никола Маркоски, кој во неделата беше исклучен поради црвен картон.