Skip to main content
Спорт

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

18/12/2025  17:25

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти списокот на ракометари за претстојното Европско првенство во Данска. Првиот собир е закажан за 22 декември, со почеток во 13:30 часот во хотел „Александар Палас“.

На списокот нема изненадувања Македонија ќе настапи со најдобрите играчи. Во првата фаза на ЕП, нашата репрезентација ќе игра против Данска, Португалија и Романија.