Skip to main content
Спорт

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

05/05/2026  10:08

Ракометарите на Вардар вечерва го играат реванш четвртфиналето од Лига Европа. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ гостува францускиот преставник Монпелје. На првиот дуел пред седум дена францускиот тим го искористи домашниот терен и слабото второ полувреме на Вардар и постигна победа од десет разлика (33:23).

–   Не очекува тежок натпревар. Не очекувавме така да заврши дуелот во Франција. Но, сепак наша обврска е да го дадеме максимумот, а со голема помош од трибините да се прикажеме во подбро издание, изјави Милан Лазаревски.

Според најавите на вечерашниот дуел Вардар ќе настапи комплетен со Дмитро Хорига и Јака Малус, кои поради повреда и болест го пропуштија дуелот во Франција.