Skip to main content
Македонија

ЛА НИЊА добива на интензитет: Временските непогоди ќе станат се по екстремни!

24/05/2025  09:07

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ова се однесува за целиот Балкан, вклучувајќи ја и нашата Република Македонија каде очекуваме почести врнежи следните месеци, како и се почести временски непогоди, кои за жал ќе бидат се по екстремни, и тоа поради климатските промени кои ни се случуваат.

Ла Ниња со себе ќе ни донесе и почести поладни продори од северот  и од североистокот на Европа. Лето да, ќе имаме и ќе се оди на плажа, но според она што можам во моментов да го кажам во јавноста, е дека, екстремно топло лето во нашиот дел од Европа многу се мали шансите да има, што значи дека очекуваме по умерено топло лето, со не екстремно голема  и долготрајна Африканска топлина.