Жалбената комисија на Шпанската фудбалска федерација ја потврди суспензијата од два натпревара на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус.
Напаѓачот доби црвен картон поради туркањето на голманот на Валенсија, Столе Дмитриевски во првенствениот натпревар од 12. коло на Ла Лига.
Претставници на мадридскиот клуб тврдеа дека за време на натпреварот голманот на Валенсија го провоцирал Винисиус.
Реал Мадрид може да поднесе жалба и до Спортскиот управен суд (ТАД), во спротивно напаѓачот на тимот ќе ги пропушти натпреварите од Ла Лига со Лас Палмас и Ваљадолид.
Винисиус оваа сезона на 48 натпревари во сите натпреварувања постигна 26 гола и направи 20 асистенции.