Skip to main content
Балкан

Курти поднесе оставка

15/04/2025  13:02

Косовскиот премиер Албин Курти денеска поднел оставка од функцијата.

Тој наводно испратил писмо до Секретаријатот на косовското Собрание. Согласно законот, оние кои добиваат мандат за пратеници и истовремено имаат функции во Владата на Косово, како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од владината функција.

За потсетување, конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на пратеничките мандати.