Skip to main content
Свет

Куба повторно е без електрична енергија

14/07/2026  21:07

Куба, во рок од една недела, третпат е без електрична енергија, соопшти денеска кубанското Министерство за енергетика.

– Дојде до целосно исклучување на електроенергетскиот систем. Активирани се протоколи за враќање на снабдувањето со електрична енергија, се наведува во објавата на Икс на кубанското Министерство за енергетика.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од дефект во термоцентрала, што предизвика исклучување на националната мрежа.

Куба остана без електрична енергија на 6 и 10 јули.

Куба е во сериозна енергетска криза поради дотраена инфраструктура и ембаргото за нафта воведено од САД пред неколку месеци.

Куба со години е под американска блокада, но ситуацијата се влоши во јануари кога американскиот претседател Доналд Трамп, по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари, воведе ембарго за нафта. Венецуела беше главен снабдувач со нафта за Куба. Но. Трамп се закани со царини за секоја земја која ќе и продаде или даде нафта на Хавана, со што се продлабочи економската и финансиската криза на островот. Куба сама обезбедува само 40 проценти од потребната нафта.