
Девет лица се лишени од слобода рано утрово во Кичево, откако учествувале во меѓусебна физичка пресметка во која биле употребени ножеви и дрвени предмети.
Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил околу 01:30 часот на Осломешка крстосница, каде што бил нарушен јавниот ред и мир. Во тепачката учествувале Д.А.(20), С.Џ.(27), С.Џ.(19) и Д.Р.(31) од Прилеп, како и Д.М.(18), Е.М.(26), М.Х.(22), Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево.
При пресметката, со расекотини и телесни повреди се здобиле две лица.
Полициски службеници од ОВР Кичево интервенирале и во 03:40 часот ги лишиле од слобода сите инволвирани лица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

