
Двојно убиство па самоубиство се случило попладнево во Велес, неофицијално дознава Инфомакс.
Според информациите од терен, две лица се убиени од страна на невенчан сопруг на една од жртвите, по што и самиот се самоубил.
Според досега непотврдени информации жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.
Дополнително, жртвата била претходно претепана во нејзиниот дом заедно со нејзиниот дечко, од страна на поранешниот невенчан сопруг. Според извори од Велес, жртвата при пријавување на случаите им нагласила на полицајците во Велес дека не прават ништо и дека насилникот може да ја убие.
Од СВР Велес најавија информации за настанот во текот на денешниот ден.