
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на судијата Ѓоко Ристов и го потврди решението со кое му е определена мерка куќен притвор.
Одлуката следи по обемната истрага во која, во семеен имот во Неготино, беа пронајдени 350.000 евра во готовина, скриени во ѕид.
Според информации, Советот одлучувал по жалбата поднесена од одбраната на осомничениот Ристов, со која се барало укинување на куќниот притвор.
Судијата Ристов се најде во фокусот на јавноста по полициската акција во која беше откриена рекордна сума на кеш, соѕидана во објект во негова сопственост.

