Skip to main content
Хроника

Кривична за полицаец, возел пијан и предизвикал сообраќајна незгода

30/04/2026  17:41

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”, предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ.

Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, односно со 1,51 промили алкохол во крвта, при што предизвикал сообраќајна незгода.