
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(27) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
– На 05.04.2025, пријавениот од негов профил на социјална мрежа напишал коментар на профил на друго лице, со кој го сторил кривичното дело, соопштија од полицијата.