Skip to main content
Хроника

Кривична против малолетник, дома чувал пиротехника

14/04/2025  14:36

СВР Велес поднесе кривична пријава против малолетник од Демир Капија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства, соопштија од МВР.