Skip to main content
Хроника

Кривична пријава за жител на струшко за кражба на струја

14/11/2025  14:58

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас”.

На 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.