
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.С.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба” и ,,тешка кражба”.
На 19.04.2026 со употреба на погоден предмет, пријавениот извршил кражба во куќа во Штип, при што одзел пари.
На 21.04.2026, пријавениот извршил кражба и во друга куќа и одзел пари. Откако бил затекнат од сопственикот Е.Ш. му се заканил и успеал да побегне.

