Skip to main content
Хроника

Криминалци барани со потерници се приведени

08/01/2025  21:26

На 07.01.2025 во 20:55 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Д. (32) од Скопје, кој бил баран со централна потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело во врска со чл.247 од КЗ.

Исто така, на 08.01.2025 во Скопје од страна на полициски службеници од ОКР Кисела Вода лишен од слобода е А.С. (29) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело по член 215 ст.1 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.