Skip to main content
Македонија

Крилото на Села преминува во опозиција

20/11/2025  21:35

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата располага со „стабилно и историски цврсто двотретинско мнозинство“ и дека во овој момент воопшто не се разговара за проширување на коалицијата. Коментарот следи по прашање за тоа дали крилото на Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ би можело да стане дел од извршната власт.

Во меѓувреме, крилото на Села соопшти дека излегува од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“. Одлуката, донесена на седница на Претседателството, значи дека четирите пратеници што стојат зад Села отсега ќе делуваат како опозициска група.