
Земјотресот на Камчатка покажа дека овој регион беше подготвен за потрес, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој додаде дека мерките преземени однапред се покажале како ефикасни.

– Сите системи за предупредување беа активирани веднаш, а беше организирана евакуација на луѓето од областите од кои требаше да бидат евакуирани поради цунами, истакна Песков.
– Генерално, зградите се покажаа отпорни на земјотрес. Фала му на Бога, нема жртви, па затоа технолошката подготвеност се докажа и беше на високо ниво, нагласи тој.
Земјотрес со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток, предизвикувајќи цунами и евакуации на Хаваите и низ Тихиот Океан. Земјотресот оштети згради и повреди неколку луѓе во оддалечениот руски регион.
– Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години, напиша гувернерот на Камчатка на Телеграм. Руските научници тврдат дека станува збор за најсилниот земјотрес во регионот од 1952 година.
Руското министерство на истата платформа објави дека е оштетена градинка, но дека повеќето згради го издржале потресот.
Данила Чебров, директорката на геолошката служба за Камчатка, изјави дека интензитетот на земјотресот не бил толку силен поради „одредени карактеристики на епицентарот“.