Вчера во 10:59 часот во СВР – Битола, И.Ц., на возраст од 41 година, од село Долно Перово, ресенско, пријавил дека покрај Преспанско Езеро на место викано „Чарти камен“ пронашол граната.
Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, истата е подигната.
Се работи за артилериска граната од 75 мм од Прва светска војна.