
Соопштение на СДСМ:
Сите сондажи коишто ги имаме ние, меѓутоа и други независни центри се забележува разочараност кај граѓаните од власта, особено за несправување со економските проблеми, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
-Шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ Најголемо разочарување граѓаните гледаат во немањето волја на Мицкоски и ДПМНЕ за справување со економските предизвици и финансиските проблеми. Тие се свесни за тоа и затоа покажуваат вакво автократско однесување, секој ден се соочуваат со резултатот од тој пад. Кога ДПМНЕ губи поддршка таа не секогаш се одразува на анкетите но јасно се покажува на избори. Овие избори ќе потврдат пад на поддршката на ВМОР-ДПМНЕ и раст на поддршката на СДСМ и на опозициското расположение, рече Костова.
Костова нагласи дека најлесен и најбезбеден начин да се спречи понатамошното вакво лошо однесување и терање на државата практично во амбис е можноста сите одговорни граѓани на оваа земја да го сосечат до корен ова до срж корумпирано антидржавничко, ненародно дејствување на власта предводена од ДПММЕ и Мицкоски.
-Особено е важно во ваква ситуација, овие локални избори да не се третираат само како обични локални избори туку да се даде отпор кон ваквите девијантни криминогени и скандалозни па дури и автократски тенденции коишто ги покажува Мицкоски и ДПМНЕ. Тоа е одговорност на сите нас и јас верувам дека граѓаните ќе се покажат достоинствено., порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.